Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун денеска за првпат ја покажа својата ќерка пред светот, на фотографиите на кои се прикажани двајцата пред лансирањето на најголемата балистичка ракета во земјата, што се случи вчера.
Северна Кореја во петокот ја тестираше интерконтиненталната балистичка ракета Хвасонг-17 (ИЦБМ), објави државната новинска агенција КЦНА. Изненадувачки додаток на лансирањето беше присуството на ќерката на Ким, чие постоење никогаш досега не беше јавно потврдено.
Нејзиното неочекувано појавување ги зголемува шансите за лидерство на тоталитарната држава да премине на четвртата генерација на семејството Ким и сугерира дека нуклеарното оружје ќе биде дел од тоа наследство, велат аналитичарите.
„Ова е првпат да ја видиме ќерката на Ким Џонг-ун на јавен настан“, изјави Мајкл Маден, експерт за севернокорејското раководство во центарот Стимсон во Вашингтон.