Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун не ја избра баш најдобрата облека за посета на поплавените места. Тој одлучи во сандали да ги посети местата погодени од поплавите.
Беше фотографиран облечен во бела кошула со долги ракави, црни панталони и црни сандали додека ја истражува калта и мочуриштата во близина на јужната севернокорејска провинција Пјонган.
Неговиот избор на обувки веројатно не му нудеше премногу заштита, а тој беше виден како се мачи да излезе од водата.
Ова не е првпат Ким да се одлучи за ваков необичен избор на обувки.
За време на еден од неговите говори во 2021 година, прославувајќи го основањето на неговата владејачка партија, Џонг Ун беше виден облечен во црн смокинг и сандали.
Во меѓувреме, Северна Кореја со денови се справува со катастрофалните пожари кои го погодија нејзиниот западен брег, каде што морската вода уништи насип и поплави повеќе од 560 хектари земја, од кои речиси половина беа оризови полиња.