414
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун нареди првиот воен шпионски сателит кој штотуку беше изграден да биде лансиран според планираното, објави денеска државната новинска агенција КЦНА.
Изградбата на сателитот беше завршена овој месец, а Ким Џонг Ун нареди лансирањето да се одвива според планот даден за време на посетата на севернокорејската вселенска агенција.
Детали за датумот на лансирање не се објавени.
Во своето обраќање до претставниците на вселенската агенција, Ким зборуваше за распоредувањето на „неколку сателити за извидување во различни орбити“.