70
Ким Џонг-ун, претседателот на Северна Кореја изјави дека неговата земја поседува голема моќ и ќе ја употреби целата сила во случај да биде нападната.
– Доколку непријателите се обидат да употребат сила против нашата земја, ние ќе донесеме храбра одлука. Нема да се двоумиме ни секунда и ќе ја промениме историјата. Ќе ја искористиме цела наша воена моќ, и таа е голема, за да го збришеме непријателот од Земјата – рече Џонг-ун при посетата на Министерство за одбрана по повод годишнината на севернокорејската армија.
Тој не ги посочи непријателите на Пјонгјанг, но сепак Јужна Кореја ја означи како непријател број еден.
-Уште еднаш повторувам, никогаш нема да водиме дијалог и преговори со Јужна Кореја – посочи тој.