612
Поради полициската акција, на граничниот премин се создадени километарски колони на возила и се чека по неколку часа.
Граѓаните негодуваат и на социјалните мрежи, каде се појавија снимки од долгите колони.
Инаку, МВР во координација со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција спроведуваат заедничка истрага на Табановце.
Според неофицијални информации, опфатени се полициски и царински службеници од преминот во врска со индиции за коруптивни дејства.