666
Километарски колони од возила забележани се попладнево на граничниот премин „Блаце“, објави ТВ 21.
Имено, од денеска дозволен е влез на граѓаните на Македонија и Косово во двете земји без обврска за приложување на негативен ПЦР тест.
Инаку, Владата вчера извести дека согласно влошувањето на состојбата со КОВИД-19 пандемијата во регионот и големиот број на нови позитивни случаи, влезот на македонски граѓани во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина сепак нема да биде дозволен без приложување негативен ПЦР тест кој не е постар од 48 часа од моментот на влез во овие земји.