Кикс на фаворитите на СП2026 – Белгија, Уругвај и Иран земаа само бод

by irena 08:55
08:55

Почна со Шпанија, заврши со Иран – ниту една од селекциите кои важеа за фаворите според обложувалниците не успеаја да слават победа на синоќешните и на утринските мечеви од првото коло на Мундијалот 2026.

Вчерашното изненадување, ремито меѓу фаворитот Шпанија и Зеленортските острови (0:0), продолжи со уште едно изненадување.

Белгија со Де Брујне, Куртоа, Лукаку и Доку не успеа да стигне до трите бода во дуелот со Египет предводен од Мо Салах. Белгијците губеа со 1-0, а единствено што успеаја да направат беше да освојат бод на мечот, 1:1.

На полноќ по средноевропско време започна дуелот меѓу Уругвај и аутсајдерот Саудиска Арабија. Саудијците имаа предност од 1-0 од првото полувреме, а фаворитот успеа на крај да стигне само до бод со голот на Араухо во 80 минути од мечот (1:1).

И утринскиот меч, меѓу Иран и Нов Зеланд заврши нерешено, 2:2.

Иако Иранците важеа за фаворити на дуелот, сепак двапати беа во негатива, и двапати се враќаа на егал. Конечниот резултат беше постигнат во 64 минута.

Слични вести