СДСМ: АКТ ја разоткрива целата тендерска мрежа – кој ќе одговара за милионските скандали на ВМРО-ОКГ со тендери

by irena 08:59
08:59

Антикорупцискиот тим на СДСМ продолжува да ја разобличува тендерската мрежа вредна над 100 милиони евра, во која едни исти фирми добиваат милионски договори од институциите и општините под контрола на ВМРО-ОКГ, се наведува во партиското соопштение на СДСМ.

Велат „по објавените информации за омилените фирми како „Ленди Груп“ со 74 тендери за 2 години, „Пирамид Билдинг Солушнс“ со 51 тендер и „Мастеф“ со 93 тендери шемата не завршува туку ВМРО ја има надградено и проширено. Речиси на сите проекти каде што овие фирми се јавуваат како изведувачи, надзорот и проектирањето ги вршат само две компании – „МГ Проект“ и „МБМ Архитекти“. Во дестина општини, институции, сите раководени од ВМРО-ОКГ, истата шема се повторува“

„Бројките покажуваат дека во периодот на владеење на ВМРО овие две фирми бележат експлозивен раст. „МГ Проект“ склучила договори во вредност од 2,4 милиони евра, а „МБМ Архитекти“ 2,9 милиони евра, со раст од речиси 289 проценти. Дали е случајност што едни исти фирми добиваат тендери, а едни исти фирми вршат надзор и проектирање? Ништо не е случајно. Станува збор за организирана бизнис-шема преку која се вртат милиони евра јавни пари. Кој ќе одговара за овие милионски скандали? Дали Јавното обвинителство ќе постапи или чека телефонски повик?“ прашуваат од СДСМ.

Слични вести