Музичарот Кики Рахимовски, син на легендарниот Аки Рахимовски од ,,Парњи ваљак” доаѓа во Скопје. Причината за негова посета е промоција на новата песна ,,Киша је падала”, која ќе се одржи утре во Градска кафана Пелситер во Скопје, а пак денес тој ќе прими награда од Македонскиот олимписки комитет, која постхумно се доделува за неговиот татко.
„Киша је падала“ е напишана пред четири или пет години, и гледајќи низ некои текстови од порано, наидов и набрзина добив идеја за музика која совршено одговара на овие текстови, па песната е создадена многу едноставно и без многу филозофирање.
Додека работевме на албумот, оваа песна не ми одговараше и едноставно не беше време да ја издадам тогаш. Се надевам дека публиката ќе ја препознае песната како своја и ќе ја прифати дури и подобро од „Сузе небеске“, вели Кики.
Кики е син од првиот брак на Аки, а за прв пат во Македонија дојде лани, во февруари, набргу по смртта на татко му. Тогаш кажа дека дошол да ја види својата тешко болна баба, но и да го запознае семејството во Македонија, како и земјата во која неговиот татко израснал пред да ја започне кариерата во Загреб.
За време на тогашната посета, на иницијатива на министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска и на градоначалникот на Крушево Томе Христовски, тој ја посети спомен куќата на Тоше Проески во Крушево.
Вики Клинчарова