Британскиот пар останал шокиран откако Кијану Ривс решил да упадне на нивната венчавка и се фотографирал со младенците и се дружел со гостите.
Џејмс и Ники Роуднајт добија животно изненадување во хотелот „Фосли Хол“ во Нортемптоншир, веднаш откако го кажале своето судбоносно „ДА“.
Младенците ја запознале ѕвездата од филмот „Матрикс“ на нивниот голем ден бидејќи тој престојувал во истиот хотел, а тој им приредил средба за паметење.
Ники за Newsweek изјавила дека нејзиниот сопруг му рекол на актерот дека штотуку се венчале откако го видел во барот на хотелот и го прашал дали би сакал да им се придружи на пијалок.
Холивудскиот актер ја прифатил поканата, но рекол дека ќе дојде подоцна во вечерните часови.
На изненадување на Џејмс и на сите гости, Кијану го одржал зборот и навистина се појавил.
-Беше многу фин и рече дека ќе дојде подоцна. Не знаевме дали ќе дојде или не, но одлично е што мојот сопруг разговараше со него – изјавила Ники.
Актерот им честитал и останал да се фотографира, но не пиел бидејќи штотуку излегол од долг лет и бил уморен.