Популарниот холивудски актер Кијану Ривс доаѓа во Хрватска и ќе биде дел од фестивалот Инмјузик, кој ќе се одржи во Загреб од 24-ти до 26-ти јуни наредната година.
Актерот ќе настапи заедно со алтернативниот рок бенд ,,Догстар” кој тој го основаше во деведесеттите години и каде свири бас гитара.
Нивниот прв албум беше објавен во 1996 година, а вториот во 2000 година. Тогаш имаа и голема турнеја, по што бендот престана да функционира.
Пред неколку месеци повторно одржаа повратнички концерт на фестивалот Ботлрок Напа Вали.
На фестивалот во Загреб се најавени голем број на светски познати музички имиња. Влезниците се продаваат по цени од 50 до 100 евра, и има понуда за пакети за три фестивалски дена, или пак пакети со вклучено кампување во тек на целиот настан.
Вики Клинчарова