(ВИДЕО-ГАЛЕРИЈА) Со аплауз и овации од вработените и пациентите што им го спасил животот беше пречекан разрешениот кардиохирург Јовев

by Fokus

Со громогласен аплауз, овации и извикување на името беше пречекан професор др.Сашко Јовев пред скопската Клиника за кардилогија, каде е сместена Кардиохирургија со која раководи долги години, откако вчера официјално беше разрешен од министерот за здравство Фатмир Меџити.

Тој беше пречекан од бројни пациенти на кои им правел операција, кои дошле да му изразат поддршка за тоа што им го спасил животот.

„Зарем тој што спасува животи ова го заслужува. Од дома ли треба да се избрка човекот, кој толку многу направил за своите пациенти“.

Ова беше само една изјава од пациентите, кои чекаа во редица додека ги искажуваат пофалните зборови за кардиохирургот. Таму беа присутни и вработените, кои години наназад работат со доктор Јовев и како што нагласи тој, тимот кој победува не се менува.

Во прилог се видеата со изјавите на доктор Јовев:

 

„Фокус“ се обрати и до актуелната директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Рената Младеновска која ни потврди дека досега тие не правеле никаков надзор на Кардиохирургија.

„Досега ние како ДСЗИ не сме правеле никаков надзор на Кардиохирургија, ниту пак досега имало таква потреба. Откако сум јас директорка до нас немало никаква претставка за работата на Кардиохирургија.

 

До ДСЗИ не е доставен налог од министерот за здрвство за вршење на вонреден инспекциски надзор во Клиника за кардиохирургија. Секако дека се вршеле редовни надзори“  истакна во изјава за „Фокус“,Младеновска.

Во официјалното решение за разрешување е наведено дека раководителот на Кардиохирургија дежурал двапати, без за тоа да биде известен министерот Меџити и тоа е една од главните причини зошто бил разрешен од функцијата.

Ирена Мулачка

Поврзани новости