Киев тврди дека соборил седум руски беспилотни летала, а Москва еден над Крим

by Fokus

Украинската армија денеска соопшти дека нејзините сили за противвоздушна одбрана собориле седум од осумте беспилотни летала Шахед, лансирани од Русија во текот на ноќта.

Беспилотните летала се соборени во три централни и јужни региони, објави военото воздухопловство на Украина на „Телеграм“.

Од најавата не е јасно дали дронот, кој не беше соборен, стигнал до целта, пренесува Ројтерс.

Во исто време, руското Министерство за одбрана објави дека спречило напад со украински беспилотни летала на Крим, наведува британската агенција.

Поврзани новости