521
Украина денеска соопшти дека последните 24 часа биле најсмртоносните за руските сили од почетокот на руската инвазија минатиот февруари.
Официјален Киев тврди дека во текот на ноќта биле убиени 1.030 руски војници.
Светските агенции нагласуваат дека наводите на украинската страна не можат да се потврдат од независни извори.
Во исто време, Русија исто така тврди дека во последните недели и нанела големи загуби на Украина.