Рускиот претседател Владимир Путин претходно најави делумна мобилизација во Руската Федерација по Втората светска војна, предупредувајќи го Западот дека ако продолжи со, како што ја нарече својата „нуклеарна уцена“, тогаш Москва ќе одговори со моќта на сиот нејзин огромен арсенал.
Руската воена мобилизација е предвидлив чекор што покажува дека војната не оди според планот на Москва, изјави советникот на украинскиот претседател Зеленски, Михајло Подољак, откако рускиот претседател Владимир Путин најави делумна мобилизација на Русија по Втората светска војна.
Како што јави Ројтерс, Подољак кажа дека Путин се обидува да ја префрли вината за започнувањето на неиспровоцирана војна и влошената економска ситуација на Русија.
-Апсолутно предвидлив потег, кој повеќе личи на обид да се оправда сопствениот неуспех. Војната очигледно не оди според сценариото на Русија и затоа Путин се решава да донесе крајно непопуларни одлуки за мобилизирање и строго ограничување на правата на луѓето“, напиша Подољак, давајќи ја првата реакција на претседателскиот кабинет на Украина.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно најави делумна мобилизација во Руската Федерација по Втората светска војна, предупредувајќи го Западот дека ако продолжи со, како што ја нарече својата „нуклеарна уцена“, тогаш Москва ќе одговори со моќта на сиот нејзин огромен арсенал.
Указот за делумна мобилизација е потпишан, а парламентот ќе биде информиран за мерките потребни за нејзино спроведување. Мобилизацијата е опишана како делумна и треба да опфати 300 000 воени резервисти.
Ова значително го ескалира конфликтот околу Украина и доаѓа во момент додека Русија се бори со украинската контраофанзива која ги принуди нејзините трупи да се повлечат и да предадат дел од окупираната територија.