Киев разочаран по одлуката на САД да ја паузираат воената помош

by Fokus

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди привремено запирање на воената помош за Украина, неколку дена по состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба, потврди висок функционер на Белата куќа.

По оваа одлука, стигна и првата реакција од Украина.

- Advertisements -

Пратеникот Олександр Мережко, член на партијата на Зеленски, изјави дека е „шокиран“ од одлуката на Вашингтон.

– Ова што се случува е неверојатно. Дури и во најлошите кошмари не можев да замислам дека Трамп би ја прекинал воената помош во момент кога ни е најпотребна, изјави тој за „Би-Би-Си“.

Мережко додаде дека верува оти Трамп се обидува да ја маргинализира Украина и Европа за да постигне договор со Русија.

– Мислам дека господинот Трамп треба сериозно да размисли како ќе биде запаметен во историјата. За мене, ова е ден што ќе остане запишан како срамен момент, заклучи украинскиот пратеник.

– Сопирањето на помошта сега значи да му се помогне на (рускиот претседател Владимир) Путин. На прв поглед, ова изгледа многу лошо. Изгледа дека Доналд Трамп не турка кон капитулација, кон прифаќање на руските барања. Најлошото е што ова е психолошки и политички удар за Украина – тоа не му помага на нашиот морал. Ова е полошо од Минхен, затоа што тогаш барем не се обидоа да ја прикажат Чехословачка како агресор. Но, сега тие се обидуваат да ја обвинат жртвата на агресија – и тоа е крајно опасно“ рече тој.

Со споредбата со Минхен, тој алудира на 30 септември 1938 година кога, Германија, Велика Британија, Франција и Италија постигнаа договор со кој на нацистичка Германија ѝ се дозволи да ја анектира Судетската област, тогаш западниот дел на Чехословачка.

Поврзани новости