693
Речиси два милиони луѓе избегаа од главниот град на Украина додека руските сили напредуваат кон градот, изјави градоначалникот Виталиј Кличко.
-Според нашите информации, секој втор жител на Киев го напуштил градот, изјави Кличко за украинска телевизија.
Тој додаде дека градот сега е трансформиран во тврдина, а се поставуваат пунктови на секоја улица, пред секоја зграда.
Од почетокот на инвазијата, руските сили повремено го гранитираат Киев, додека околните градови се изложени на постојани жестоки бомбардирања.