Киев нападнат од воздух, се слушале силни експлозии

by fokus

Украинската престолнина Киев утрово беше цел од воздушен напад и се слушнаа силни експлозии, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко, но во моментот нема извештаи за жртви или материјална штета.

Ова е прв напад врз Киев од крајот на септември.

„Силни експлозии се слушнаа на левиот брег (на реката Днепар) во главниот град. Според прелиминарните информации, противвоздушната одбрана работеше против балистички ракети“, напиша Кличко во Телеграм.

Воздушна тревога беше издадена за Киев и околниот регион неколку минути пред да се слушнат експлозиите. Градските власти ги повикаа жителите на Киев да останат во засолништата за бомби.

Поврзани новости