Киев: Бројот на загинати руски војници надмина 50.000

by fokus

Огромна експлозија на автомобил-бомба во вторникот го осакати рускиот командант на окупиран украински град, што е последен обид за атентат врз промосковски функционер.

Снимката од Бердјанск покажува запалени остатоци од автомобил за кој се вели дека му припаѓаат на Бардин Артем Игоревич, воениот командант назначен од Москва да го надгледува градот окупиран од Русија и околниот регион.

Игоревич е последниот функционер инсталиран од руските сили на териториите под контрола на Москва во Украина, кој бил ранет или убиен во напади.

Киев официјално не ја презеде одговорноста за овие напади, но се верува дека тие се извршени од проукраински оперативци во окупираните региони.

Веста за експлозијата во Бердјанск дојде кога Генералштабот на вооружените сили на Украина објави дека во периодот од 24 февруари до 6 септември, Русија изгубила околу 50.150 лица.

Украинската војска тврди дека покрај десетици илјади војници, Русија загубила и 2.077 тенкови, 4.484 оклопни борбени возила, 1.179 артилериски единици, 296 системи за повеќекратно лансирање ракети, 156 системи за противвоздушна одбрана, 236 воени авиони, 207 хеликоптери, 876 беспилотни летала, 209 крстосувачки ракети, 15 воени бродови, 3.305 моторни возила и цистерни со гориво и 109 единици специјална опрема.

Русија тврди дека нејзините жртви се многу помали, но ретко дава ажурирања за најновите податоци.

Поврзани новости