Киднаперите на малата Вања имале точно утврден план и рута, објави КОД.
Според сознанијата, грабнувачите многу порано од 27 ноември доаѓале пред зградата за да ги проверат мртвите агли на камерите од околните згради.
Камерите на Сејф сити всушност не го снимаат влезот од зградата на Вања. Не го снимаат ниту камерите на околните згради. Влезот е во мртов агол и тоа им овозможило на грабнувачите да не бидат воопшто забележани, што пак укажува на фактот дека биле добро информаирани за видео надзорот.
Според сознанијата на КОД, Вања прво била однесена во подрумска просторија од која Палевски имал клуч и била негова. Таму и биле врзани рацете и нозете, по што била ставена во вреќа за спиење. Грабнувачите имале план грабнувањето да го реализираат порано, на 24 ноември- петок, меѓутоа се предомислиле бидејќи тој ден било многу раздвижено и прометно.
КОД открива дека уште пред да почне официјалната истрага, Палевски во Србија преку брз трансфер добил голема сума на пари од Швајцарија. Со тие пари живеел неколку дена во Србија по што стасал во Баликесир каде еден од соучесниците имал бизнис партнер.
Извештајот од одбукцијата на Судска медицина покажа дека Вањаа била убиена со истрел од огнено оружје.