531
Во последниот билтен објавен денеска од Центарот за јавно здравје за првпат беше регистрирано лице заразено со Ковит – 19 со постојано место на живеење во Кичево. Ова лице, како што информираат од Општина Кичево, во последите седум месеци не престојувало во градот туку работело надвор од државата.
Кичевецот позитивен на корона вирусот, допатувал во земјата и бил во државен карантин во Скопје и немал контакти со жители од Кичево.
Сепак, од општината нагласуваат дека граѓаните мора да бидат претпазливи и да ги почитуваат препораките на Владата.