89
Приведен 54-годишен кичевец во чие возило биле пронајдени над 3000 парчиња пиротехнички средства.
„На 13.12.2023 во 15.30 часот на улица „11 Септември“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Б.М.(54) од Кичево. При преглед во неговото возило „форд“ со кичевски регистарски ознаки, полициските службеници пронашле и одзеле 3.058 парчиња пиротехнички средства, кои нелегално ги набавил“ соопшти МВР.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.