Кичевчанец поттикнал друго лице да запали викендица, двајцата завршија во притвор

by fokus

Кичевската полиција презема мерки за дорасветлување на кривично дело “предизвикување општа опасност” извршено на 4 декември лани со подметнување на пожар во село Кнежино, Кичевско, во викенд куќа сопственост на С.К. од Кичево.

Пожарот бил подметнат од страна на осомничениот А.А. од с.Туин, на кого вчера за истото кривично дело од страна на Судија на претходна постапка му беше определена мерка притвор во траење од осум дена, соопшти МВР.

При преземањето на мерките, поради постоење на основи на сомневање дека извршил кривично дело “Поттикнување” во врска со  “Предизвикување општа опасност” односно го поттикнал непосредниот извршител да го стори кривичното  дело, лишено е од слобода лицето У.Џ.(48) од Кичево, кој со кривична пријава е предаден во ОЈО Кичево и од страна на Судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

Поврзани новости