Иако вчера најави дека нема да бара одложување на затворската казна, Зоран Милески -Кичеец осуден во случајот ‘Рекет’, се уште не се пријавил во затворот во Шутка.
Директорот на затворот, Есад Рахиќ за ‘Фокус’ потврди дека до овој момент Кичеец не дошол во затворот. Вели дека таму се подготвени за негов прием како и за сите затвореници.
Од Кривичниот суд се уште нема официјални информации дали Кичеец поднел барање за одложување на затворската казна, а неговиот адвокат Александар Новаковски деновиве е недостапен за медиумите.
Кичеец вчера во изјава за тв 24 рече дека нема да бара одложување на казната и дека ќе си ја издржи казната на којашто е осуден. Во Шутка требаше да се пријави вчера до полноќ.
Тој беше осуден на тригодишна затворска казна во ‘Рекет’ откако призна вина. Во овој случај осудени се поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева и Бојан Јовановски познат како Боки 13.