Осудениот во „Рекет“, Зоран Милевски-Кичеец се чувствува загрозен од Бојан Јовановски-Боки 13 и го пријавил во полиција, пренесува Скопје1.
Од Охрид барал да одговара за три кривични дела, од кои едното е загрозување на неговата безбедност, а второто е демнење. Според Владимир Туфегџиќ, адвокат на Јовановски, наводите се неосновани, а за лажното пријавување очекува одговорност.
Пријавата е за сторени три кривични дела: загрозување на сигурноста, демнење и кривично дело лажно пријавување. Кратко се задржавме во просториите на СВР Скопје. Ги отфрламе сите наводи бидејќи сметаме дека не постојат законски основи за понатамошно процесуирање. Потпишавме записник и можам да кажам дека самиот настан е од таков тип да надлежните органи треба да преземат мерки и активности во насока на водење на постапки за лажно пријавување спрема пријавителот. Тој што знае дека некој не сторил кривично дело а пријавил, подлежи на кривична одговорност“, рече адвокатот Туфегџиќ.