Зоран Милевски Кичеец нема предвреме да излезе од затвор, односно Кривичниот суд му го одби барањето за условен отпуст, кој го бараше по одлежани две третини од казната.
-Постапувајќи по предлог на Директорот на КПД Струга – Отворено одделение, за условен отпуст на З.М. правосилно осуден во предметот на овој суд со КОК бр. 131/19 во јавноста познат како „Рекет“, Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција, по одржана седница на совет на 12.11.2021, донесе решение со кое предлогот се одбива.
Решението во текот на денешниот ден е експедирано до странките во постапката кои имаат право на жалба во рок од 8 дена, преку овој суд до Апелациониот суд Скопје, информираа од Судот.
Кичеец за случајот „Рекет“ беше осуден на 3 години затвор, а неодамна доби и 6 месечна затворска казна за сообраќајката кај Стража, во кое едно лице загина, а седум беа повредени.