Кичеец на 26 октомври треба да влезе во затворот во Струга, барањето го поднел за да не лежи во „Шутка“

by fokus

Зоран Милевски Кичеец на 26 октомври треба да се појави во затворот во Струга, каде што треба да ја одлежи затворската казна, на која беше осуден во случајот „Рекет“, потврди претседателот на судот во Охрид, Васил Баткоски, за „Фокус“.

Тој појаснува дека Милевски не барал класично одложување на извршувањето на казната, туку барњето го поднел поради ненадлежноста на Кривичниот суд во Скопје, поради промената на адресата на живеење во Охрид.

-Предметот вчера стигна од Кривичниот суд. Беше постапено и упатниот акт е издаден за 26 октомври, за затворот во Струга, бидејќи затворот во Охрид е за малолетници, а има и притворско одделение, ни изјави претседателот Баткоски.

Кичеец наместо во затворот „Скопје“ сега казната ќе ја издржува во полуотвореното одделение во Струга.  Тој по признание на вина беше осуден на три години затвор, но му остануваат да одлежи помалку од две, бидејќи му се смета и времето кое го помина во притвор.

Валентина Вурмо

 

Поврзани новости