Зоран Милевски Кичеец ќе биде префрлен во полуотвореното оделение во Затворот во Струга, откако му беше укинат притворот.
-Управата ја извршување на санкции ја информира јавноста дека осуденото лице Зоран Милески – Кичеец е преместено од отворено во полуотвореното одделение во Затворот Струга. Тоа значи дека тој повеќе нема да може да ги користи олеснувањата кои ги добиваат сите осудени лица во отворените одделенија. Причина за ваквата одлука е новата кривична постапка која се води против Милески. Со ова решение тој ќе продолжи да ја издржува затворската казна и ќе биде достапен за истражните органи, одговорија за “Фокус” од Министерството за правда.
Кичеец, покрај тоа што издржува 3-годишна казна затвор за случајот “Рекет”, е осомничен и дека ја предизвикал сообраќајка со жртва, која што се случи на 4 септември, кај Стража.
Истрагата утврдила дека Кичеец додека бил на прекин од издржување на затворската казна, даден за лекување, возел кон Скопје, но на патот Кичево – Гостивар наводно претекнувал на полна линија, по што дошло до судирот меѓу неговиот и уште два автомобили.
Кичеец, освен добиениот прекин, како затвореник од отвореното одделение користеше и други погодности, односно му беше дозволено да работи и во затворот се враќаше за спиењ, а имаше и право на викенд и одмор.
В.В.