По објавата на Град Скопје за новиот транспортен систем, се огласи и поранешниот градоначалник, Петре Шилегов. Тој ѝ порача на градоначалничката Арсовска дека фрлањето прашина во очи „со отстранување на грешките на претходното градско раководство”, не го разбира како ништо друго, освен како очаен обид да се обезбеди алиби за сопствената глупост.
„Мојот професор Марјановиќ, своевремено велеше: на будалите од после им текнува … После две години однесување како вошка во перика, заради очигледната некомпетентност, немање визија и основно познавање, новото градско раководство се враќа онаму каде што требаше да продолжи пред две години. Реализација на целосно разработен проект со обезбедена финансиска констукција, одобрен од меѓународната и домашна стручна јавност како најоптимално решение за Скопје.
Две години сме сведоци дека незнаењето го кријат со перманентен конфликт и караници со секого, вклучително и со сопствените директори. Загубените две години (досега ќе беше во полн ек изградбата) и парите кои како камати се платени во меѓувреме, за жал, повторно паѓаат на грбот на Скопјани“, објави поранешниот градоначалник на Град Скопје.