Новинарот Томислав Кежаровски во вечерашното гостување на 1ТВ зборуваше за апсурдноста на целата ситуација со амнестирањето на обвинетите за 27 април.
-Имаме ситуација во која Мукоски и Василевски се веќе неосудувани, јас сум правосилно осуден. Значи ние сме криминалци они чесни. Петта година чекам од Врховен да се произнесе по жалбата, тие молчат како риба и од вчера реков дека ќе применам нова тактика и ќе ги прашам за колку години ќе го решите случајот. Дури јас во една прилика јавно и пред министри реков се согласувам со цела моја морална и било каква одговорност, да ми ја одбијат жалбата со образложение дека сум виновен, за да можам да ги искористам меѓународните институции. На Мијалков и Камчев ќе им останат милијардите и бизнисите, на Мукоски тендерите, на Канческа гардеробата купена со државни пари, а нас надежта дека некогаш ќе имаме правна и праведна држава, рече Кежаровски.