Кежаровски: Не можам да се помирам како Крсто Мукоски не знаел што ќе се случи во парламентот

by Фокус

Новинарот Томислав Кежаровски денеска беше еден од последните говорници на трибината „Жртви на режимот“ во организација на НВО Цивил. Пред присутните, Кежаровски говореше дека за се што поминал низ затворот и судските лавиринти во Македонија.

-Граѓаните во тој период не можеа да носат слободни одлуки. Многу беа протерани, измачувани, но и убивани. Жестоко се боревме, а таа Шарена револуција донесе нешто многу подобро. Сепак, бавно одат некои наши барања, иако политичарите ни ветија. Сметам дека ние сме жива историја и тие спомени треба да продолжат да живеат. Мене многу ми е криво што зборот режим како да е забранет за новинарите. Кога ќе се присетам на случувањата од 27 април, не можам да се помирам како Крсто Мукоски не знаел што ќе се случи со отворањето на вратите на Собранието. И ден денес плукаат, пцујат се живо во фамилија. Ми викаат дека јас сум крив што избега Груевски. Без оглед на се, јас ќе се борам до крај. Никаде нема да пишува дека се предавам – порача Кежаровски.

Патем, тој најави дека подготвува нова книга за случајот „Ликвидација“, која ќе биде неговата втора книга, откако веќе ја публикуваше „Живот во кутија“, во која се забележани деновите што ги поминал во затвор.

Ј.Ц.

Поврзани новости