Кежаровски е потпретседател на ЗНМ

by Фокус 16:34
16:34

Управниот одбор на Здружението на новинарите на Македонија на последната седница одржана на 26 јануари годинава едногласно го избра за потпретседател на ЗНМ новинарот Томислав Кежаровски.

Кежаровски на последното Собрание, кое се одржа кон почетокот на декември мината година, беше избран за член на Управениот одбор на ЗНМ.

Новинарот Томислав Кежаровски помина речиси две години во притвор откако во неправедна судска постапка беше осуден на 4 ипол години затвор за наводно откривање заштитен сведок.

- Advertising -

Апелација ја преиначи казната во затворска казна од 2 години, а веднаш потоа Кежаровски беше ослободен со условен отпуст.

Новинарите организираа масовни протести за ослободување на Кежаровски, при што покажаа солидарност поради неправедната судска пресуда.

Управниот одбор на ЗНМ исто така избра Комисија за доделување на наградите на ЗНМ за животно дело и за истражувачка сторија. Во наредните денови Комисијата ќе објави оглас со кој ќе се повикат новинарите да се пријават за новинарските награди.

 

Поврзани новости