Кевин Спејси ќе мора да плати речиси 31 милион долари на продуцентската куќа „MRC“, која во 2017 година го отпушти од сетот на серијата „House of Cards“ поради обвинувањата за сексуално злоставување со кои се соочи актерот, одлучи судот во САД откако неговата жалба беше одбиена.
Процудентската куќа го тужеше Спејси затоа што со неговото отпуштање изгубиле значителни приходи кои им ги носела серијата, која се занимава со политички интриги во Вашингтон.
Пред пет години, кариерата на Спејси ненадејно заврши поради серија обвинувања за сексуални злоставувања, па продуцентите морале драстично да го сменат заплетот на шестата сезона на „House of Cards“. Судот уште во 2020 година пресуди во корист на продуцентската куќа, оценувајќи дека однесувањето на Спејси ги прекршило правилата на договорот, на што актерот се жалел, но таа жалба била одбиена.
Спејси е обвинет во Велика Британија за пет кривични дела кои се случиле помеѓу 2005 и 2013 година – четири точки за сексуален напад со допирање и посериозно обвинение за поттикнување лице да изврши сексуално пенетративен чин без согласност. Минатиот месец беше договорено судењето да се одржи на 6 јуни следната година.
Спејси негира дека сексуално вознемирувал некого. 62-годишниот актер доби Оскар за најдобра машка улога во American Beauty“ и најдобра споредна машка улога во „The Usual Suspects“, по обвинувањата беше отстранет oд ТВ серијата „House of Cards“.