Судот во Њујорк го ослободи Кевин Спејси од обвинението дека се обидел сексуално да го злоупотреби актерот Ентони Рап во 1996 година.
Рап го обвини тогаш 26-годишниот Спејси дека лежел врз него и го притискал на меѓуножјето откако го поканил во станот.
Поротата расправала околу еден час и заклучиле дека Рап не докажал дека Спејси му допирал интимни делови од неговото тело. Рап го тужеше Спејси за 40 милиони долари, но поротата пресуди во корист на Спејси, што е голема победа за еден од најпопуларните актери во светот, пишува CNN.
Спејси на тој начин извојува важна победа, но над главата му висат уште неколку процеси за исти или слични работи кои допрва го чекаат. Следната година, тој се соочува со судење во Лондон за четири сексуални напади кои наводно ги извршил помеѓу 2005 и 2013 година.
Спејси беше практично протеран од актерскиот свет пред пет години, откако голем број мажи го пријавија за сексуална злоупотреба. Нетфликс го исфрли од хит серијата „Куќа од карти“, а Кристофер Пламер мораше да влезе во улогата на Џон Пол Гети во „Сите пари во светот“ бидејќи никој повеќе не сакал да работи со Спејси.