Кевин Мекарти никако да биде избран за спикер на американскиот Претставничкиот дом

by fokus

Членовите на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес не успеаја да изберат претседавач ниту во осмиот круг на гласање, бидејќи ниту еден кандидат не ги доби потребните 218 гласа.

Лидерот на републиканското мнозинство Кевин Мекарти, како и во седмиот круг, доби 201 глас, вториот републикански кандидат Бајрон Доналдс доби 17, а демократскиот кандидат Хаким Џефрис 212 гласа.

Веднаш по објавувањето на резултатите од осмиот круг гласање, републиканците повторно го предложија Мекарти, така што деветтиот круг ќе се одржи денеска.

Мекарти се уште не го поддржуваат 20 членови на својата партија и тоа не е променето, иако беше најавено дека може да ги придобие со некои отстапки на средбата што ја имаше со нив.
Еден од републиканците кои не го поддржуваат Мекарти, конгресменот од Флорида, Мет Гаец, денеска гласаше за поранешниот претседател Доналд Трамп.

Законот предвидува дека претседателот на Претставничкиот дом не мора да биде член на Конгресот, но никогаш во историјата не се случило некој што не е конгресмен да биде избран на таа функција.

Во седум круга гласање, Џефри добил вкупно 1.484 гласови, а Мекарти 1.412 гласа.

Поврзани новости