Кешишев со нов шок во судница: Изјавата дека Палевски не е виновен, не е моја, Палчо ми рече да ја напишам!

by fokus

Еден од обвинетите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Влатко Кешишев, на денешното судење побара збор и истакна дека писмото кое претходно го предал на судијата, дека Љупчо Палевски Палчо не бил присутен при убиствата, не е негово, односно напишаното не е вистина.

Тој појасни како било напишано писмото.

-При транспорт мој и на Палевски, од затворот до судот, тој ми кажуваше што да нашишам, за да биде со мој ракопис. Ми даде ливче да го препишам и јас го препишав бидејќи се плашев, истакна Кешишев на денешното судење.

Во изјавата пак се тврдеше дека Палевски ниту на 22-ри ноември ниту на 27-ми, кога се случија грабнувањата и убиствата не бил со останатите обвинети, туку спиел во штабот на пртијата „Десна“. Пишуваше и дека Боре Видевски и Велибор Манев биле заедно на местата на настаните во Велес и Скопје и дека Манев му вршел притисок да изјави дека Палевски е органзатор и извшител на убиствата.

Но денеска Кешишов стана пред судот и кажа дека писмото не е точно, односно го напишал под страв, а по барање на Палевски.

Валентина Вурмо

Поврзани новости