Меган Маркл и принцот Хари објавија фотографија од нивната ќерка Лилибет на нејзиниот прв роденден, кој девојчето го прослави во Фрогмор Котиџ за време на јубилејот на кралицата.
Хари и Меган организираа забава во градината за Лилибет во саботата. Прославата се одржала на имотот Виндзор, пишуваат британските медиуми. Црвенокосата Лилибет позира за роденденска фотографија во син фустан и со бела машна во косата.
Ова е втора официјална фотографија на Лилибет откако војводата и војвотката од Сасекс објавија божиќна честитка на 23 декември. Фотографијата на Лилибет ја направи фотографот и пријател на парот Мисан Хариман, кој присуствуваше на роденденската забава.
Членовите на кралското семејство ѝ го честитаа роденденот на Лилибет преку социјалните мрежи. Официјалните профили на Твитер на британската кралица, принцот Чарлс и принцот Вилијам речиси истовремено објавија роденденски пораки за девојчето.