По објавата на веста во српски Курир, дека Уна, ќерката на музичарот Здравко Чолиќ украла 20.000 евра од семејниот сеф, за наводно нејзиното момче да си купи автомобил, таа се огласи јавно и порача дека ќе следи тужба за објавување на лаги.
-Сега е веќе доста! Вакви лаги повеќе нема да се толерираат. Како не ви е срам вака да ме загрозувате мене и моето семејство? Треба да се срамите, за ова следи тужба Курир – обави таа на социјалните мрежи.
Според објавата во Курир Рс, која потоа ја пренесе целиот регион, Уна ги украла парите од сефот, а татко и пријавил во полиција. Откако полицијата дошла во нивниот дом, таа признала што направила, и ги вратила парите.
Нов автомобил за момчето не купиле, а девојката им се извинила на родителите.
Инаку, Уна се почесто е застапена во медиумите и е позната како љубител на луксузни хотели и патувања, а пред да добие возачка дозвола, татко и ангажираше приватен возач за неа.
Таа е постара ќерка на Здравко Чолиќ, кој ја има и помалата Луна од бракот со Александра, со која се венчаа пред 21 година.
Чолиќ е еден од најскапо платените пејачи во регионот. Често има настапи во Македонија, а хонорарот, според информации од локалните самоуправи на чии манифестации пеел, му се движи од околу 50.000 евра, па се до околу 80.000 евра.
Вики Клинчарова