Како претставник на Македонија во Светска банка Владата ја испратила Нина Фити, ќерка на академик Таки Фити, кој го поддржа Договорот со Грција, изјавија денеска од ВМРО-ДПМНЕ од каде прашуваат дали тоа е причина за неговата отворена поддршка пред одржување на референдумот.
Од партијата обвинуваат дека вработувањето на Нина Фити во Светка банка кореспонедира со менувањето на ставот на Фити за промена на името.
-Академик Таки Фити беше изразито против промена на името и уставот и го нарекуваше обезличување на македонскиот народ, а наеднаш го промени ставот и рече дека промената на Уставот за него е прифатлива работа. „Ерга омнес никако не смее да се прифати, менувањето на Уставот е обезличување на Македонците“, рече Тачи пред три месеци, за подоцна дијаметрелно да го промени ставот: „Постигнато е она што беше релевантно за МАНУ, тоа се идентитетските прашања, јазикот, нацијата и културата – изјавија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму порачаа дека Владата е должна да одговори дали Нина Фити е вработена како претставник на Македонија во Светска банка и дали тоа е главна причина за промена на ставот на академикот.