Ќерката на Масимо Савиќ: Денеска требаше да бидеме вака прегрнати

by Фокус

Денеска ние тројцата требаше да застанеме прегрнати, но пред матично, тато планираше да нѐ изненади со песна,  ќе го поминам остатокот од мојот живот обидувајќи се да му простам на универзумот за оваа болка, напиша ќерката на Масимо Савиќ, Мирна, покрај фотографија на која насмеано позира со својот татко и со момчето во некои посреќни денови.

Мирна и нејзиното момче Игор Павловиќ се во врска повеќе од шест години, а пред две години почнаа и заедно да живеат.

По завршувањето на студиите по новинарство на Факултетот за политички науки во Загреб, Мирна извесно време работеше како телевизиска и радио-водителка, во емисијата „ТОП.хр“ на РТЛ и на Антена Загреб.

На 28-годишна возраст се одлучи за промена на кариерата и се вработи во креативна агенција, а оваа година е наградена како „комјунити менаџер“ на годината.

Масимо ја доби Мирна со Ени Кондиќ, со која помина 30 години во брак.

Мирна и Ени беа неговите најголеми љубови, а роденденот на Мирна го нарече „најважниот и најпосебниот датум во календарот на животот“.

Поврзани новости