Ќерката на Јани Макрадули прваче: ИАКО СУМ ПОСТАР ТАТКО, СО ЈАНА ТРЧАМ КАКО ДВАЕСЕТГОДИШЕН

by fokus

Пратеникот Јани Макрадули денес ја испрати ќеркичката Јана во прво одделение. Вели дека е горд татко и е сигурен дека Јана добро ќе се снајде во училишните клупи, со оглед на тоа што е познато дека уште од нејзината втора година ја носеше со себе на граѓански протести.

,,Јана е родена 2010 мај, а од 24.12.2012 е по улиците на протести. За жал или за среќа поголемиот дел од животот го поминала по протести. Се трудиме дома да ја научиме да се бори за своите права, за слободата. Ја учиме на солидарност, да дели со другарките, да се бунтува кога има неправда. Најчесто времето заедно го минуваме во играње, од креативно до било кај игра што ќе ја замисли. Ние сме дома по принципот: таткото вика да, кога мајката вика не. Сум слушал за посебниот однос татко ќерка, а сега во пракса можам да го потврдам со примери,, – вели Јани, додавајќи дека неговото девојче добро ќе се справи и со новиот предизвик, почетокот на школувањето.

Околу тоа што тој ја доби Јана во средината на своите четириесетти години, вели дека никогаш годините не му биле пречка да се чувствува исто, како и татковците кои што се повеќе од една деценија помлади од него.

,,Не жалам, иако постар, или повозрасен да речеме, одговарам на сите задачи, од трчање до носење на рамена. Јас млад сум останал без татко и затоа ја користам секоја прилика квалитетно да се дружиме со Јана создавајќи незаборавни спомени,, изјави за ,,Фокус,, Макрадули.

Покрај Јани, денес на првиот училишен ден и Никола Груевски ја испрати ќеркичката Софија. Познат по тоа што не сака да збори во јавност за приватните случувања, овојпат не го ни запрашавме за коментар околу првиот училишен ден.

Вики Клинчарова

Поврзани новости