Ќерката на бодибилдерите Зафирови со голем успех во Словенија: Горди сме што не се предаде и ниту еднаш не рече дека ти е тешко!

by fokus

Ангела, ќерката на познатите бодибилдери Тоше и Габриела Зафирови, тргна по стапките на своите родители и го освоила својот прв медал во категоријата Мис Модел Џуниор- прво место и Мис Модел Сениор –трето место -World Athletic Federation W.A.F UNIVERZE на своето прво фитнес натпреварување во Брезице, Словенија.

Веста за успехот на 16-годишната Ангела ја објави нејзиниот татко Тоше, кој не ја крие гордоста. Во емотивната објава, тој открива дека бил нејзин тренер, и се восхитувал што за време на напорните подготовки таа ниту еднаш не рекла дека и е тешко, туку сериозно и со уживање се посветила на тренинзите.

-Твојата посветеност кон фитнесот и огромната дисциплина се огледало на твојот успех. Ти ја заслужуваш секоја пофалба и секое честитка, бидејќи го покажа твојот талент и напор, затоа што ни еднаш не кажа –Тешко ми е, напротив, уживаше во целиот процес на припреми.

Твојата способност да се избориш со сите предизвици на само 16 години и да ги превземеш тренинзите толку успешно, јас восхитувам како родител. Ти не се предаде никогаш ти работеше уште посилно и повеќе за да ги постигнеш своите цели. Тоа не само што ме воодушевува, туку ме поттикнува и ме издигнува.

Имајќи во предвид твојата силна духовна и физичка состојба, не постои сомнеж дека ќе продолжиш да ја одиш со уште поголема мотивираност и самодоверба низ твојата фитнес кариера. Твојот прв медал е само почетокот на твојата натпреварувачка приказна која ќе биде наша голема радост да ја следиме- порача Зафиров.

Додава дека како нејзин тренер и татко, се обврзува да ја поддржи во секоја фаза од кариерата.

-Тука ќе бидам секогаш за да те насочам и да те водам, ќе ти помогнам да го надминеш секој предизвик и да ги освоиш сите височини што ги посакуваш.
Ангела, ти си моето најголемо богатство и мојот најголем успех. Тоа што го остваруваш денес е само почетокот на многу останати успеси што те чекаат во иднина.
Те сакам неизмерно многу и се гордеам што сум твој татко и тренер-истакна шампионот во бодибилдинг.

Зафирови се едни од најпознатите бодибилдинг парови во земјава. Тоше е во овој спорт од најрана младост, а сопругата Габриела започнала да се занимава со бодибилдинг пред околу десет години. Зад нив се испишани низа на професионални успеси на светско ниво, и важат за големи промотори на Македонија, кои секогаш со гордост ја претставуваат земјата и го имаат развеано државното знаме во бројни земји каде се натпреварувале и од каде донеле медали.

Парот се запознал во далечната 1996 година, а плод на нивната љубов се ќерката Ангела и синот Блаже.
Секогаш истакнуваат дека големата љубов и меѓусебната поддршка ги водела напред кон нови успеси.

Вики Клинчарова

Поврзани новости