544
Битолчанка ја пронашла својата мајка мртва во нејзиниот стан во Битола.
-Вчера утрината во околу 09:00 часот во СВР Битола, Ц.И. од Битола пријавила дека во стан ул. „Пецо Божиновски“ во Битола сопственост на нејзината мајка Љ.П.(86), која имала здравствени проблеми, истата ја пронашла почината. Од доктор од итна медицинска помош била констатирана смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција – информира МВР.