Керим во Собрание, наместо на судење за стечајот на МПМ

by fokus

Срѓан Керим денеска не се појави во Основниот суд Скопје 2, каде што требаше да се  донесе одлука со која за фирмата „Медиа Принт Македонија“ ќе се дозволи отворање на стечај. Керим, наместо во судница, беше во Собранието, кадешто Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг имаше обраќање, јави Независен весник.

Во судот на подготвителното рочиште беа дојдени предлагачи на стечај, претставници на физички и правни лица кои се јавуваат како доверители, времениот стечаен управник Живко Калков, но немаше претставник на „МПМ“.

Судијкта, Ирена Петрушевска, во записник констатира дека должникот, МПМ, нема уредно примена достава за присуство“ и дека нема добиено предлог за отворање на стечај.

Керим седеше во иста редица со премиерот Зоран Заев и Стево Пендаровски, национален координатор на НАТО.

Керим најверојатно бил поканет на седницата како претседател на 62 генерално Собрание на Обединетите нации, функција што на која беше избран во 2007 година, на предлог на тогаш новата влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости