Кенијците Чемвено и Џеруто победници на Скопскиот маратон, Ивановски трет а Поп Арсова истрча втора

by Fokus

Побединик на годинешниот Скопски маратон е Хилари Чемвоно од Кенија. Неговиот сонародник, Даниел Кипротич го освои второто место, а третата позиција му припадна на најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски.

Чемвоно истрча 42 км за два часа, 13 минути и 27 секунди, а Џеруто за 2 часа, 37 минути и 52 секунди. Нашиот атлетичар Дарио Ивановски истрча за 2:16:26 часа.

Во женска конкуренција доминираше Кенијката Ирине Џеруто со време 2:37:52. Најдобрата македонска маратонка Адријана Поп Арсова заврши на второто место со време 2:39:38, а трета беше Вивијан Џелагат од Кенија.

На полумаратонска трка доминираа натпреварувачите од Турција. Прв низ целта мина Џан Хусеин, второто место го освои Емектар Мурат, а трет беше Гедиклиоглу Абдурахман. Најдобар македонски натпреварувач на полумаратонската трка беше Иван Пешовски кој заврши на шестата позиција.

Во женска конкуренција, на полумаратонската трка победи Милица Мирчева од Бугарија. Греша Бакрачи од Албанија беше втора, а третата позиција ѝ припадна на Јулие Ларсен од Норвешка.

Резултати на најдобрите во двете конкуренции на полумаратонот (21 км):
мажи:
1.Хусеин Чан (Турција) 1 час 5 минути и 54 секунди
2.Мурат Емектар (Турција) 1:06:40
3.Абдурахман Гедиклиоглу (Турција) 1:09:47
жени:
1.Милица Мирчева (Бугарија) 1 час 15 минути и 49 секунди
2.Греша Бакрачи (Косово) 1:21:14
3.Џули Ларсен (Норвешка) 1:22:04

Најуспешни во трката на 5км:
мажи:
1.Гилман Јонузи 15 минути 45 секунди
2.Григоријан Никовски 15 минути 54 секунди
3.Бојан Чаприќ 16 минути и 16 секунди
жени:
1.Ирма Хајдари 18 минути 31 секунда
2.Дарија Крстевска 19 минути и 38 секунди
3.Христина Секулоска 20 минути и 37 секунди.

Главен покровител на оваа најголема атлетска манифестација кај нас е Министерството за спорт. Министерот Борко Ристовски, кој го означи стартот на трката, им се заблагодари на учесниците и порача дека скопскиот маратон и оваа година покажал дека Македонија е подготвена да организира спортски настани од светски размери.

На годинешниот јубилеен Виз Ер Скопски маратон настапија рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји.

Фото: Спорт1

Поврзани новости