709
Велешанецот К.Ш. (72), во тек на вчерашниот ден во велешката полиција пријавил дека неговата снаа за син од Кенија, во месец април си заминала од семејниот дом.
Триесет и петгодишната жена со себе си ги зела личните работи и не кажала каде ќе оди, и не е познато зошто свекорот чекал цели пет месеци за да пријави дека жената ја нема и не знаат каде престојува.
Според пријавеното во СВР Велес, неговиот син живеел во Германија, а со сопругата од Кенија биле во бракоразводна постапка.
Од таму информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на 35-годишната жена.
Вики Клинчарова