Кенди Дулфер доаѓа во Македонија!

by fokus

Популарната холандска џез и поп саксофонистка Кенди Дулфер ќе одржи концерт во Македонија.

Таа ќе настапи заедно со својот бенд на осми април во Македонската филхармонија во Скопје, а Авалон Продукција го најави нејзиното гостување како ,,ексклузивен и интимен концерт (благодарение на квалитетот и големината на Македонската Филхармонија), а од друга страна, енергично и возбудливо џез, поп – фанк, RnB шоу со пеколно добар грув”

-Кенди Дуфлер е соло артистка, инструменталистка и текстописец која има работено со некои од најголемите имиња во музиката, како Van Morisson, Lionel Richie, Beyoncé, Pink Floyd, Aretha Franklin, Dave Stewart (Eurythmics)…
Prince ја сметал за негов прв избор кога била во прашање изведбата на саксофон; ,,When I want sax, I call Candy” вели тој во видеото за Partyman.

Нејзиниот последен, 13-тити студиски албум, издаден во 2022 и насловен ,,We never Stop” претставува храбра мешавина на еуфорични џез сола и поп – фанк или, цитирајќи ја самата Dulfer, ,,A funky as hell anthem of resilience”-информираат од продукцијата.

Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба од утре, осми март.

Кенди (53) е ќерка на џез-саксофонистот Ханс Дулфер. Почнала да свири на шестгодишна возраст и го основала својот бенд Funky Stuff кога имала само четиринаесет години. Нејзиниот деби албум ,,Saxuality” доби номинација за Греми.

Вики Клинчарова

Поврзани новости