475
Јове Кекновски во изјава за „Фокус“ вели дека Христијан Мицковски, доколку биде избран за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ, за Груевски ќе биде она што Јадранка Косор беше за Иво Санадер.
–Прво еден до два месеци ќе биде заштитник на Груевски, а потоа човек кој ќе учествува во елиминацијата и запечатување на неговата политичка кариера преку помагање или пасивно набљудување на апсењето на претходниот лидер, и на крајот на биде сведок во судскиот процес против него. Тоа се случи со Санадер во Хрватска и исто очекувам да се случи и со Груевски, вели Кекеновски.
Тој додава дека на крајот како што ХДЗ ја исклучи Јадранка Косор од партијата, така и Мицковски ќе биде исклучен од ВМРО-ДПМНЕ.