886
Универзитетскиот професор Јове Кекеновски, кој своевремено беше исклучен од членството во ВМРО-ДПМНЕ поради тоа што ја предводеше фракцијата за промени, тврди дека актуелниот вмровски лидер Христијан Мицкоски своевремено бил дел од ЛДП.
-Јас го слушам (Мицкоски) неколку пати, дури би рекол дека бесрамно говори дека бил член на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа мене колку што ме држи сеќавањето, а добро ме држи, на времето тој беше претставник на ЛДП – рече Кекеновски во емисијата „Во центар“.
Воедно, тој обвинува дека Мицкоски е прагматичен политичар, чија цел е, според него, да го испере претходното раководоство на ДПМНЕ.