Кекеновски: Ја исполнивме целта НАТО, но со малку свиткана кичма

by fokus

Јове Кекеновски од таканаречната Демократска фракција во ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека влегувањето во НАТО било цел на Македонија, сега таа цел е исполнета, но начинот на којшто тоа е направено не е идеален.

-Ќе имавме поголема причина да славиме, доколку она за што критикувавме беше поинаку направено. Доколку во целото потпишување на Договорот учесвуваше и опозицијата, да беше потранспарентно, доколку уставните измени не се направеа на начинот на којшто се направени. НАТО беше целта, еве влеговме, со малку свтикана кичма, но што е тука е, сега треба да се обидеме со самото членство што можеме да санираме, рече Кекеновски.

Поврзани новости